ТРОЈЦА ЌЕ ПИЈАТ, ЧЕТВРТИОТ ЌЕ ГЛЕДА За 30 години ќе немаме доволно вода за пиење

Покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во пристапот на чиста вода за пиење за милијарди луѓе, секое трето лице нема пристап до безбедна вода за пиење.

361

И покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во пристапот на чиста вода за пиење за милијарди луѓе, секое трето лице нема пристап до безбедна вода за пиење, две од пет лица немаат вода за основно миење на раце, а повеќе од 673 милиони луѓе немаат соодветни санитарни услови за завршување на физиолошките потреби, пренесува српскиот Нешнел Географик.

Други алармантни бројки покажуваат дека недостигот на вода влијае на околу 40 отсто на луѓето во светот и тој процент може да се зголеми со зголемувањето на глобалните температури.






Резултатите од истражувањето во 2011 година покажаа дека 41 земја се соочува со проблеми во снабдувањето со вода, а 10 земји ги потрошија залихите на вода за пиење. Претпоставките за 2050 година се дека секое четврто лице ќе биде погодено од недостатокот на вода.

Една од седумнаесетте цели кои ја сочинуваат Програмата за одржлив развој на ОН до 2030 година е универзалниот пристап до чиста вода и санитарни услови. Ова вклучува инвестиции во инфраструктура, санитарни јазли и подобрување на хигиената на сите нивоа, како и заштита и реставрација на екосистеми поврзани со вода, односно, шуми, мочуришта, реки и планини.

Климатските промени исто така не треба да се игнорираат како проблем при снабдување со вода. Со оглед на тоа дека југоисточна Европа се загрева нешто побрзо од остатокот на планетата, тој предел може да се соочи со проблем за недостаток на вода за пиење.

Поврзани содржини