ТРИ НЕШТА СО КОИ ТЕЛОТО ПОДОБРО ЌЕ РЕАГИРА НА ВАКЦИНАТА Еве што треба, а што е забрането да се прави
Витаминот Д, пробиотиците и цинкот и селенот можат, во пропишани дози, да го зголемат нашиот имунитет пред да се вакцинираме, а научниците препорачуваат да се испие многу вода, добро да се јаде, а ги забрануваат аспиринот и ибупрофенот против болки, лекови кои треба да се пијат само со рецепт.
Речиси цела година светот прима вакцини против короната, но некои луѓе сè уште се двоумат дали и која вакцина да ја примат. Има ли посебна подготовка која ќе нè спреми за да не доживееме лоши ефекти по „боцкањето“? Сите знаеме дека треба на тој ден треба да сме здрави, да не кашламе и да немаме температура, но постојат три начини со кои можеме дополнително да се заштитиме, пишува Мондо, а сите се поврзани со земање дополнителни витамини.
„Погрижете се да јадете хранлив оброк и да се хидратизирате пред закажаниот датум за потенцијално да ги намалите несаканите ефекти на денот на вакцинацијата“, наведува Rite Aid во своите упатства. CVS Health исто така ги советува луѓето „да пијат најмалку половина литар вода еден час пред терминот за да спречат несакани ефекти“.
Експертите исто така предупредуваат да не се земаат лекови како ибупрофен или аспирин без рецепт пред вакцинирање.
„Не е познато како овие лекови би можеле да влијаат на тоа колку добро функционира вакцината. Меѓутоа, ако редовно ги земате овие лекови поради други причини, треба да продолжите. Исто така, не се препорачува да се земаат антихистаминици пред вакцинацијата и да се спречат алергиски реакции“.
Имунологот проф. Д-р Борислав Каменов за Мондо објаснува дека секој од нас може да придонесе за подобар имунолошки систем, само ако внимателно слуша и следи што му кажува телото, редовно да се проверува, а за да го зајакне тој предлага три нешта: да се земат витамин Д, пробиотик и витамините цинк и селен, во пропишани дози.

Зошто витаминот Д е добар
Кога станува збор за витаминот Д, Каменов вели дека постарата популација треба да зема до 10.000 единици дневно, помладите 5.000 и 500 единици витамин Д за децата.
Витаминот Д е еден во низата клучни материи, а неговиот недостаток, покрај падот на имунитетот, може да предизвика заболување на коските, но може да влијае и на развој на апатија и депресија. Треба да се напомни дека коскената маса може да престане да се гради во триесеттите, па затоа е важно да се земе предвид исхраната преку која се внесува овој скапоцен витамин.
„Апсолутно сум убеден дека може да поправи многу работи во имунолошкиот систем. Витаминот Д ги поправа нашите клетки“, додава д-р Каменов.
Земете пробиотици или едноставно напијте се јогурт наутро
Пробиотик е термин кој се користи за збир на „добри бактерии“, а најчестите типови на микроби што се користат во пробиотиците се бактериите на млечна киселина. Многумина се прашуваат како е можно денес да не можеме без пробиотици, а одговорот лежи во нашите лоши навики, лошиот избор на храна, кога сè е преработено, а од друга страна, консумирањето лекови ни ја расипува цревната флора. Пробиотиците всушност ни помагаат да го одржиме соодветниот број на бактерии кои ја сочинуваат нашата нормална микрофлора. Потребни ни се и добри бактерии во борбата против короната, за нашиот имунолошки систем да може да даде добар одговор.
Цинк и селен
Цинкот е минерал кој е неопходен за нормално функционирање на организмот и е исклучително важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Ни помага побрзо да ги залечиме раните, одличен е за коски, нокти, губење на вкусот и многу други здравствени проблеми.
Цинкот, но и селенот се многу важни за зајакнување на имунитетот и во овој период треба да јадете храна во која може да се најдат. Цинкот е добар и за ментален напор, а може да игра важна улога и за превенција од настинки и грип, но и за хронични инфекции токму затоа што го стимулира имунолошкиот систем. Генерално, не треба да јадете нездрава, брза храна, треба да се свртите кон здрави оброци, витамини, минерали, овошје, зеленчук.