📷 ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ВОЈУВА, ЦЕЛТА Е ПОДЗЕМНА БАЗА НА ИРАН? Само Американците имаат доволно тешка бомба за да го уништат Фордо
Базата е длабоко под земја и само Американците имаат бомба тешка 13,5 тони способна да ја уништи, пишува безбедносниот дописник Френк Гарднер. Советниците на Трамп се поделени во врска со овој потег, за кој експертите велат дека 'целосно ќе го промени конфликтот“, се вели во написот.
Во Техеран е 9:00 часот наутро, додека Иранците се соочуваат со шестиот ден бомбардирање од Израел. Еве резиме на она што го научивме преку ноќ, по веста дека официјални лица во
САД размислуваат да се приклучат на израелската офанзива во Иран, тврди Би-Би-Си во своето известување за конфликтот меѓу Израел и Иран кој трае шест ден. Американскиот претседател одржал 90-минутен состанок со својот тим. Неговите советеници биле поделени во врска со ова прашање.
Би-Би-Си пишува дека доколку САД се вклучат во конфликтот, една од потенцијалните цели би бил нуклеарниот погон Фордо во Иран.
„Базата е длабоко под земја и само Американците имаат бомба тешка 13,5 тони способна да ја уништи, пишува безбедносниот дописник Френк Гарднер. Советниците на Трамп се поделени во врска со овој потег, за кој експертите велат дека ‘целосно ќе го промени конфликтот“, се вели во написот.
Во изминатите три дена, најмалку 30 американски воени авиони-танкери што се користат за полнење гориво на борбени авиони и бомбардери беа однесени во Европа. Познатата веб-страница Флајтрадар објави дека два од авионите-танкери се приземјиле во Шпанија.
Expect extensive discussion surrounding #Fordo, #Iran’s most heavily fortified nuclear site. Constructed deep within a mountain to withstand potential attacks, only the United States of America military possesses a formidable 30,000-pound bomb capable of penetrating its defences. pic.twitter.com/BO2b4jBDsQ
— Dr Cristopher Ballinas Valdés (@crisballinas) June 17, 2025
Не е познато каде беа упатени авионите кои полетаа кон исток. Една од можностите е тие да учествуват во воената вежба во Финска наречена „Атлантик Тридент 25“.
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта ги нападнала погоните за производство на центрифуги за ураниум и фабриките за оружје во Иран, на шестиот ден од својата оофанзива.
Овие напади, извршени од „повеќе од 50 авиони“, биле насочени кон „погон за производство на центрифуги во Техеран“, како и „неколку погони за производство на оружје, вклучувајќи погони што произведуваат суровини и компоненти што се користат за склопување ракети земја-земја“, се вели во соопштението на војската.
Во меѓувреме, Иран продолжи со одмаздничките напади врз Израел од почетокот на конфликтот. Ноќта на 18 јануари, Техеран испали хиперсонична ракета Фата-1 кон Тел Авив.