🎥 ТРАМП КРЕНА РАЦЕ ОД ПОСРЕДУВАЊЕТО Вашингтон се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија

Ќе продолжиме да помагаме, но повеќе нема да летаме околу светот како посредници на состаноци. Сега сè е на двете страни (на Украина и на Русија). Дојде време тие да презентираат и да развијат конкретни идеи за тоа како да се заврши овој конфликт. Од нив ќе зависи, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

1,467

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија, објави американскиот Стејт департмент.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на средбата со новинарите изјави дека САД ја менуваат „методологијата за тоа како придонесуваат“ во разговорите и повеќе нема да „летаат околу светот при првиот повик за средби“.






Киев и Москва сега мора да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат директно за решавање на конфликтот, додаде Брус.

– Ќе продолжиме да помагаме, но повеќе нема да летаме околу светот како посредници на состаноци. Сега сè е на двете страни. Дојде време тие да презентираат и да развијат конкретни идеи за тоа како да се заврши овој конфликт. Од нив ќе зависи – изјави таа за новинарите.

Брус притоа посочи дека Трамп „знае дека постои друг дел од светот, цела планета на која ѝ е потребно одредено внимание“.

Повлекувањето на Вашингтон од директно посредништво доаѓа по претходните предупредувања на САД дека ќе се повлечат од преговорите доколку неивниот мировен предлог биде отфрлен и од Украина и од Русија.

Државниот секретар Марко Рубио и Доналд Трамп претходно предупредија дека САД ќе се повлечат од напорите за медијација доколку не се постигне значителен напредок.

– Секретарот, исто така, јасно стави до знаење дека, иако нашиот стил ќе се промени, методологијата на нашиот придонес ќе се промени во смисла дека повеќе нема да бидеме посредници – се присети Брус.

Подоцна, Трамп објави закана за повлекување на социјалната мрежа Трут сошал.

– Ако една од двете страни ги отежни работите премногу, ние едноставно ќе кажеме: Вие сте будали, вие сте глупави, вие сте ужасни луѓе и ние едноставно ќе се повлечеме – изјави тој.

Одлуката на Стејт департментот доаѓа еден ден откако САД и Украина потпишаа сеопфатен економски договор за воспоставување инвестициски фонд за обнова на Украина. Володимир Зеленски го нарече овој договор „историски“, а Вашингтон вети дека ќе продолжи да го поддржува Киев во одбрана од руската инвазија. За возврат, Украина ќе им обезбеди на САД пристап до вредни природни ресурси.

САД првично предложија 30-дневен договор за прекин на огнот, кој Киев го прифати. Меѓутоа, Москва не само што го отфрли тој предлог за примирје и другите планови за ставање крај на крвавата војна, туку руските сили дополнително ги засилија нападите во Украина.

Стејт департментот во вторникот изјави дека ќе се повлече од улогата на медијатор доколку не види „конкретни предлози“ од Москва и од Киев за ставање крај на конфликтот.

Поврзани содржини