ТРАМП ГО ОДЛОЖИ ПЛАНИРАНИОТ ГОЛЕМ НАПАД ВРЗ ИРАН Земјите од заливот го молеле за тоа
Трамп додаде дека им наредил на врвните одбранбени и воени претставници да бидат подготвени во секое време да продолжат со „целосен, голем напад“ врз Иран доколку не се постигне прифатлив договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го одложиле воениот напад врз Иран планиран за вторник по директните апели од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд и претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
„Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, ме замолија да го одложам нашиот планиран воен напад врз Исламската Република Иран, кој беше закажан за утре“, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушл.
Трамп рече дека од почит кон лидерите на земјите од Заливот, им наредил на министерот за одбрана Пит Хегсет, началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Даниел Кејн, и на американските воени команданти засега да ја суспендираат планираната операција. Но, тој додаде дека им наредил на врвните одбранбени и воени претставници да бидат подготвени во секое време да продолжат со „целосен, голем напад“ врз Иран доколку не се постигне прифатлив договор.