ТРАМП Е НЕЗАДОВОЛЕН, ПАК ГО ПРАТИ ВИТКОФ ВО МОСКВА Пратеникот ќе преговара директно со Путин
Ова ќе биде трета средба меѓу специјалниот пратеник на Трамп и рускиот претседател. Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели.
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска, 11 април, да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето.
Ова ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.
Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „лут“ поради коментарите на Путин за Украина.
Аксиос потсетува дека минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите.