ТРАГЕДИЈА КАЈ КИПАР Седум загинати, десетици исчезнати по превртување на патнички брод

Несреќата се случила на околу четири наутички милји, односно седум километри од брегот. Снимките од местото покажуваат патници со појаси за спасување врз превртениот труп и во морето, додека кон нив се приближуваат спасувачки пловила.

0

Најмалку седум лица загинаа, а по уште 23 се трага откако патнички брод се преврте денеска, 30 август, во близина на брегот на Северен Кипар. Спасувачите досега извлекле 237 патници и членови на екипажот, соопшти премиерот на кипарските Турци, Унал Устел.

Катамаранот „Express“ на компанијата Filo Denizcilik испловил од пристаништето Киренија, познато и како Гирне, во 12.30 часот по локално време. Бродот патувал кон турското пристаниште Ташуџу, во покраината Мерсин, но почнал да прима вода петнаесетина минути по испловувањето.

 






Несреќата се случила на околу четири наутички милји, односно седум километри од брегот. Снимките од местото покажуваат патници со појаси за спасување врз превртениот труп и во морето, додека кон нив се приближуваат спасувачки пловила.

Официјалните податоци покажуваат дека на бродот имало 267 лица – 259 патници и осум членови на екипажот. Првичните медиумски извештаи наведуваа 279 лица, но таа бројка подоцна беше коригирана од властите.

Во акцијата учествуваат крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила и медицински екипи. Причината за несреќата се истражува, а како можен фактор се посочуваат лошите временски услови и разбрануваното море. Потрагата продолжува, поради што билансот може да се промени.

 

Поврзани содржини