Том Хенкс и сопругата пуштени од болница, го победија коронавирусот

1,294

Американскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се пуштени од болницата во Австралија откако беа подложени на третман наменет за лицата заразени со коронавирус.

Том и Рита сега се во самоизолација во Квинсленд во изнајмен дом, а пуштени се од болницата по третманот, иако коронавирусот им беше дијагностициран минатата недела.






Двојката беше во Австралија каде Том го снимаше филмот за Елвис Присли. Продукцијата поради коронавирусот е стопирана.

Славната двојка е меѓу 375 лица заразени со коронавирус во Австралија.

Шеесет и три годишниот Том во четвртокот мината недела преку Инстаграм соопшти дека е заразен со коронавирус.

 

 

Поврзани содржини