„ТОЈ МЕ НАПАДНА, НЕ, ТАА МЕНЕ“ Партнери од Битола се обвинувале еден со друг за насилство

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

535

Полицијата во Битола истражува несекојдневен случај на семејно насилство во кој двајца партнери се пријавиле меѓусебно за физички напад.

Како што информира МВР, првата пријава била поднесена на 16 јуни во 18:00 часот, кога 58-годишната Р.Н. од Битола пријавила дека била нападната од својот партнер Г.И. (57) во нивниот заеднички дом. Само два часа подоцна, во 20:00 часот, во СВР Битола се појавил и Г.И., кој пак пријавил дека бил физички нападнат од партнерката Р.Н.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани содржини