ТИНЕЈЏЕР ВОЗЕЛ ПИЈАН, СЕ ЗАБИЛ ВО МЕТАЛЕН СТОЛБ Полицијата го уапси и му го одзеде возилото

Полициските службеници кај 19-годишниот возач утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта.

1

Тинејџер од Ресен возел под дејство на алкохол и се забил во столб.

„На 30.5.2026 година во 2.20 часот, во СВР Охрид е лишен од слобода е Л.Ш.(19) од Ресен, кој на кружниот тек на булеварот Туристичка со улицата 7 Ноември, управувајќи патнички автомобил „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено“,соопшти охридската полиција.






По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.

Поврзани содржини