„ТИГРИТЕ“ ПРАТЕНИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА Полицијата уапси опасна група осомничена за убиства (ВИДЕО)
Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.
Полицијаци од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во соработка со специјалци од единицата „Тигар”, извршија претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство” и „предизвикување општа опасност”, па приведени се четири лица И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
– При претресите извршени кај И.А. во село Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра” калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон” калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок” калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела – соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.