🎥 „ТИ РЕКОВМЕ ДА СИ ЗЕМЕШ ПРЕВЕДУВАЧ КОГА ДОАЃАШ ВО ТЕТОВО“ Новинар со националистичка провокација кон министерката за образование

Неговото однесување предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, но не и од новинарските здруженија.

352

За време на промоцијата на реновираното училиште „Моша Пијаде“ вчера во Тетово, новинар ѝ постави прашање на министерката за овразование Весна Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела и преведувач од македонски на албански јазик:

– Си зема ли преведувач, министерке – рече новинарот Невриј Адемитој.






На тоа министерката Јаневска одговори дека не зела преведувач.

– Не ми треба преведувач и не знам кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик – рече Јаневска.

Новинарот продолжи со провокацијата, непристојно обраќајќи ѝ се на министерката без персирање.

– Ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач – рече новинарот, со очигледна намера да предизвика скандал.

Неговото однесување предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, од граѓани, како и од истакнати новинари од разни провиниенции, но не и од новинарските здруженија, кои засега го премолчуваат инцидентот.

Поврзани содржини