ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ РАНКОВЦЕ Загина возачот, а тројца се повредени
До несреќата дошло кога возачот И.М.(21) од Крива Паланка, изгубил контрола над „аудито”кое го возел и со него удрил во банкина на патот.
Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Крива Паланка – Ранковце.
Како што соопшти МВР , до несреќата дошло кога возачот И.М.(21) од Крива Паланка, изгубил контрола над „аудито” и со него удрил во банкина на патот.
„Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово“, соопштија од МВР.
Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.