📽️ ТЕНЗИЧНО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОТЕСТОТ НА СТУДЕНТИТЕ ВО БЕЛГРАД Полицијата употреби солзавец за да ги растера младите кои фрлаа шишиња и камења кон неа

Десетици илјади студенти и демонстранти се собраа попладнето на протести во центарот на Белград, со барање за предвремени избори.

510

Тензично е вечерва во центарот на Белград откако студентоте во блокада прогласија крај на протетсот во 21 часот – голема група демонстранти фрлаат кон полицијата со камења, петарди и шишиња, јави дописникот на МИА од Белград.

Српската полиција употреби солзавец вечерва во обид да растера демонстрантите.






Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување непосредно пред 22.00 часот во центарот на Белград против група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон нив.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата од страна на учесниците на протестот одржан доцна попладнево на плоштадот Славија.

– Остро ги осудувам бруталните напади од страна на учесниците на непријавениот митинг во Славија врз припадниците на полицијата. Полицијата ќе преземе сите мерки за воспоставување на јавниот ред и мир, ќе ги одбие сите напади и ќе ги примени сите овластувања за одбивање на нападите, како и ќе ги уапси сите оние кои ја нападнаа полицијата – рече министерот Дачиќ.

Десетици илјади студенти и демонстранти се собраа попладнето на протести во центарот на Белград, со барање за предвремени избори.

Протестот на студентите заврши во 21.00 часот, по што група млади луѓе почнаа со немири.

Поврзани содржини