📽 ТЕЛОТО НА ПАПАТА ПРЕНЕСЕНО ВО БАЗИЛИКАТА СВЕТИ ПЕТАР Стотици верници се собраа во срцето на католичкиот свет
Толпата верници чека уште од раните утрински часови за да се прости од папата. Стотици луѓе се собраа на плоштадот пред базиликата.
Телото на папата Франциско сега е во базиликата Свети Петар, каде што остане до неговиот погреб во сабота, 26 април, кога треба да биде пренесено во црквата Санта Марија Маџоре.
Толпата верници чека уште од раните утрински часови за да се прости од папата. Стотици луѓе се собраа на плоштадот пред базиликата.
Телото беше внесено во базиликата преку плоштадот Свети Петар откако беше пренесено од неговиот дом во Санта Марти. Ќе има молитвена служба пред да ѝ се дозволи на јавноста да влезе за да му оддаде последна почит на починатиот понтиф.
Остин Ајвери, биограф на папата Франциско, изјави за Би-Би-Си дека монетите исковани за време на неговиот понтификат, по една за секоја година од неговиот мандат, ќе бидат ставени во торба во ковчегот.
– Порано се балсамираа телата на папите, но во денешно време тоа не е задолжително – објаснува Ајвери.
Биографот на папата за Би-Би-Си вели дека нешто сигурно ќе биде направено со телото на папата за да се одложи процесот на распаѓање.
Во вторникот, 22 април, Ватикан објави неколку фотографии од папата како лежи во отворен ковчег во неговата поранешна резиденција.
„Швајцарската папска гарда, чија улога е да го штити папата, маршира на плоштадот. На отворено се изведуваат химни на огромни звучници. Ова придодава кон атмосферата на овој вековен плоштад кој денеска, повеќе од кој било друг ден, е центар на католичкиот свет“, пишува Би-Би-Си.
Поворката ја предводи кардиналот Камерленго Кевин Фарел, кој има задача да организира конклава, што значи избор на следниот папа.