Таткото на Ѓоковиќ: Димитров му нанесе голема штета на моето семејство, Новак е очаен
Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска – рече Срѓан Ѓоковиќ во разговор за хрватски РТЛ.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на удар на светската јавност поради организацијата на „Адрија тур“, кој, наместо хуманитарен турнир со забава и уживање за фановите, се претвори во жариште на ковид-19.
Турнирот во Задар беше веднаш прекинат откако бугарскиот тенисер Григор Димитров прв објави дека е позитивен на коронавирусот, а потоа позитивни на тестирањата се покажаа и Борна Чориќ, како и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.
Најдобриот светски тенисер искажа огромно жалење за сè што се случи, признавајќи дека можеби прераниле со турнирот.
Но, за неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ, главен виновник за целиот тој хаос е токму Григор Димитров.
– Верувајте, на никого не му е сеедно тоа што се случи. На Новак посебно не му е добро. Се чувствува очајно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни. А, зошто ова се случи? Затоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае кад. Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска – рече Срѓан Ѓоковиќ во разговор за хрватски РТЛ.