ТАЈФУНОТ БУАЛОЈ ОДНЕСЕ 19 ЖИВОТИ ВО ВИЕТНАМ Уништени се над 200.000 домови
Тајфунот го погоди северниот и централниот дел на Виетнам при што оштети над 105.000 куќи, од кои 79.000 во провинцијата Ха Тин и 20.000 домови во провинцијата Нге Ан, додека 3.400 куќи се поплавени. Под вода е и голема земјоделска површина.
Најмалку 19 лица загинаа, 13 се водат како исчезнати, а 88 се повредени при налет на тајфунот Буалој во Виетнам, објави виетнамското Министерство за земјоделство и животна средина.
Тајфунот го погоди северниот и централниот дел на Виетнам при што оштети над 105.000 куќи, од кои 79.000 во провинцијата Ха Тин и 20.000 домови во провинцијата Нге Ан, додека 3.400 куќи се поплавени. Под вода е и голема земјоделска површина.
Премиерот на Виетнам, Фам Мин Чин потпиша официјална наредба, со која се повикува на итна акција за помош на луѓето погодени од разорувањето предизвикано од тајфунот Буалој и поплавите. Тој ја потенцира потребата од поправка на уништените училишта и болници до 5 октомври, со цел да се обезбеди непречен пристап до образование и здравствена заштита.
Локалните власти се повикани да ја проценат штетата и да обезбедат средства за помош на погодените домаќинства, особено сиромашните семејства, ранливите групи и семејствата што примаат државна социјална помош.