СТУДЕНТИ СЕ УДАВИЛЕ ВО РУДНИК ВО КИНА ЗА ВРЕМЕ НА ЕКСКУРЗИЈА Попуштиле заштитните решетки, тие паднале во флотациски базен
Во несреќата бил повреден и еден професор.
Шестмина студенти во Кина се удавија за време на екскурзија во рудник во регионот Внатрешна Монголија во северна Кина.
Трагедијата се случила кога студенти од Универзитетот Шенјанг (Североисточен универзитет) паднале во флотациски базен во рудник за бакар и молибден откако попуштиле заштитните решетки, соопшти „Жонѓин Голд“. Во несреќата бил повреден и еден професор.
Компанијата веднаш активирала план за вонредни состојби и ги известила надлежните локални власти за инцидентот, соопшти компанијата. Акциите на „Жонѓин Голд“ паднаа за повеќе од пет отсто во утринската трговија во Шангај откако се појави веста.
Производството во рудникот е запрено. Според професор на Североисточниот универзитет, ваквите посети се организираат со години и инцидентот бил сосема неочекуван. Универзитетот го испратил својот персонал на местото на настанот за да ја управува ситуацијата.