СТУДЕНТИ, РОКОТ ТЕЧЕ Пријавување за субвенциониран оброк до 5 април

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година е отворено, а апликациите се поднесуваат електронски.

32

Министерство за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 април 2026 година.

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето-плата, како и студентите запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.






„Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот“, наведуваат од МОН, посочувајќи дека условите и критериумите за остварување на правото се објавени на официјалната страница.

Апликацијата се поднесува електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk

За поддршка при аплицирањето студентите може да контактираат на е-пошта: [email protected].

Од Министерството додаваат дека студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е отворен и за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Поврзани содржини