Сте чуле ли за „Гранд Париз Експрес“? Под „градот на светлината“ се гради новото француско чудо! (ВИДЕО)

1,063

Во Париз во тек е изградбата на грандизоен инфраструктурен проект, вреден 38 милијарди евра, пишува порталот THEBiM.

Станува збор за проектот „Гранд Париз Експрес“, четири нови линии на париското метро, во должина од околу 200 километри. Со новите линии и со новите 68 станици, големината на метрото во Париз ќе се дуплира, a бројот на патници ќе се зголеми за 2 милиони дневно.






Овој мегапроект ќе ги поврзе предградијата на Париз со аеродоромите и со деловните центри. Тоа ќе поттикне изградба на 55 нови станбени зони околу градот, а Париз ќе стане „посиромашен“ за 150.000 автомобили дневно.

Изградбата на „Гранд Париз Експрес“ почна пред пет години, а целосно ќе заврши во 2030 година. Но, Французите брзаат најгиолем дел од работите да бидат завршени до Олимпијадата во Париз во летото 2024 година.

Поврзани содржини