СТАРТУВАА ЛЕТОВИТЕ ДО БАРСЕЛОНА И ДО ЛИОН Патниците беа испратени со сангрија

420

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180.

Со музика и со сангрија беа испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион.

 






На релацијата Скопје – Барселона – Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота.

„Со ова се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот. Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна“, наведува ТАВ Македонија.

Авиобилетите се достапни и може да се резервираат на https://www.wizzair.com/.

Поврзани содржини