📷 „СРЦЕ ШТО КОМПОНИРА, КОЛКОВИ ШТО НЕ ЛАЖАТ“ Шакира доби статуа во родниот град

Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, изработена ОД бронза и е висока шест и пол метри. 

251

Популарната колумбиска пејачка Шакира доби статуа во нејзиниот роден град Баранкила. Пејачката на социјалните мрежи сподели фотографија од статуата и јја изрази својата среќа и возбуда.

„Ваква посвета… Ова е премногу за моето мало срце“ – напиша Шакира на објавата на Инстаграм.






Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата на роденденот на нејзината мајка Нидија.

„Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители и особено со мајка ми на нејзиниот роденден“ – сподели Шакира.

Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, изработена ОД бронза и е висока шест и пол метри.

Статуата е создадена од уметникот Вино Маркес со помош на студенти од уметничкото училиште.

„Срце што компонира, колкови што не лажат, талент неспоредлив, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат за доброто на детството и хуманоста“ – стои во посветата на плочата на статуата.

Поврзани содржини