СРБИЈА ЌЕ ГО ПРЕКИНЕ ИЗВОЗОТ НА ОРУЖЈЕ И ПРОИЗВОДСТВОТО НА ДРОНОВИ ЗА ИЗРАЕЛ најави за плановите на идната влада
Во нашата платформа експлицитно стои дека ќе ставиме крај на трговијата со оружје со Израел - рече Убовиќ, претставник на „Студентската листа“.
Филип Убовиќ, претставник на „Студентската листа“ во Србија, изјави дека платформата на движењето вклучува прекин на трговијата со оружје со Израел. Зборувајќи за можните политики на новата власт, тој додаде дека проектот за фабрика за беспилотни летала – поврзан со соработката меѓу Србија и израелската компанија „Елбит системс“ (Elbit Systems) мора да биде запрен.
– Она што се случува таму е дамка за човештвото; тоа е навистина трагично. Во нашата платформа експлицитно стои дека ќе ставиме крај на трговијата со оружје со Израел – рече Убовиќ во гостување на британскиот медиум Новара медиа (Novara Media).
Тој додаде дека неговото движење ја осудува инвазијата на туѓи територии, конкретно израелската инвазија на Палестина.
Убовиќ истакна дека поранаешниот претседател Александар Вучиќ одржувал блиски врски со Израел, посочувајќи на отворањето фабрика за беспилотни летала. Тој го опиша проектот како „скандалозен“ и инсистираше на тоа дека тој мора да биде запрен.
Во видео објавено на Инстаграм, Вучиќ го обвини студентското движење дека има за цел „да го уништи одбранбениот и безбедносниот сектор на Србија“, тврдејќи дека тоа се прави „по налог на странски разузнавачки служби“.
Според истражувачката мрежа БИРН извозот на српско оружје и муниција во Израел достигнал 114 милиони евра до крајот на 2025 година. На 17 септември, Вучиќ свечено отвори погон за склопување беспилотни летала во белградската населба Макиш, проект реализиран со соработката меѓу Србија и израелската компанија „Елбит системс“.