СРБИЈА НАСКОРО ЌЕ ИМА 40 БОРБЕНИ АВИОНИ Вучиќ најави и нови ракетни системи

Српскиот претседател тврди дека воената авијација е неспоредливо посилна од пред 12 или 13 години. Не откри кои авиони ќе ја сочинуваат најавената флота од 40 летала.

67

Србија наскоро ќе располага со 40 борбени авиони, најавил претседателот Александар Вучиќ при посетата на Куршумлија. Паралелно се подготвуваат нови ракетни комплекси, повеќецевни ракетни системи и друго вооружување.

– Денешната состојба е неспоредлива со онаа од пред 12 или 13 години – оценил Вучиќ.






Тој не прецизирал кои модели ќе ја сочинуваат идната флота од 40 борбени авиони. Не кажал ниту кога таа треба да биде комплетирана.

Модернизацијата, според српскиот претседател, нема да запре кај воената авијација.

– Не зборувам само за ракетни системи, повеќецевни ракетни системи и сè друго, а наскоро ќе можете да го видите – рекол Вучиќ.

Вучиќ, пред една недела потврди дека е во тек финализирањето на договорот за набавка на ново оружје од Кина. Во таа прилика, тој презентираше нови детали за деловните аспекти на идната заедничка фабрика за беспилотни летала на Србија и израелската компанија „Елбит“.

– Дроновите што не ги продаваме на нашата армија, вишокот на пазарот, ќе ги продаваме на друго место. Можам да ви кажам за кого се наменети, но нема да кажам. Веќе постои пазар за нив.

Поврзани содржини