СПОДЕЛЕНИ ЗНАЕЊА И ИСКУСТВА ЗА АУТИЗМОТ Компанијата „Зегин“ обедини домашни и странски експерти

Конгресот претставува втора фаза од големата кампања за лицата со аутизам и со АДХД која оваа година е во фокусот на компанијата „Зегин“ како една од најголемите општествено одговорни компании кај нас.

117

„Успеавме!“, низ солзи извика малиот уметник Филип Симоновски Циглењак, дете на спектарот со исклучителна дарба за сликање, кој беше една од инспирациите за првиот Меѓународен конгрес за аутизам и АДХД што се одржа во Скопје. Филип се претстави со самостојна изложба на уметнички слики, а изложбата беше комплетно распродадена.

Под мотото „Заедно за спектар на можности“, во организација на компанијата „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, во соработка со Здружението на педијатри на Македонија и организацијата „Во мојот свет“ во периодот од 13-15 ноември Скопје беше домаќин на доктори и експерти од оваа област од нашата земја и од странство.






Конгресот претставува втора фаза од големата кампања за лицата со аутизам и со АДХД која оваа година е во фокусот на компанијата „Зегин“ како една од најголемите општествено одговорни компании кај нас.

Со богата тридневна програма и пренос во живо од сите три дена, низ модераторската палка на Ана Зафирова, македонската јавност имаше можност да ги слушне излагањата на врвните експерти кои несебично ги споделија своите знаења и искуства пред бројната публика во која беа присутни голем број стручни лица, здруженија и родители на деца со АСН и со АДХД, кои пак ги споделија сите предизвици со кои се соочуваат низ едно секојдневие и ја доближија сликата за тоа како е да се живее на спектарот.

– Преку оваа голема кампања сакаме да ја подигнеме свеста, да едуцираме и да потсетиме дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Упатуваме повик за сочувство, за вклучување на светот да го види сјајот во она што може да изгледа како хаос. Аутизмот не е загатка што треба да се реши, туку ремек дело што треба да се цени. Да задржиме простор за неговата убавина, да ги почитуваме неговите предизвици и да се бориме за иднина каде што секој човек од спектарот ќе биде виден, слушнат и прифатен – рекоа од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“.

Од Компанијата „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ упатуваат голема благодарност до сите присутни предавачи, доктори, специјалисти, родители и сите останати кои беа дел од овој научен и навистина емотивен настан и едногласно заклучуваат – оваа кампања нема да сопре тука и сега.

Програмата од Конгресот можете да ја проследите на следниов линк.

Поврзани содржини