САМО ЕДНА ВИРШЛА ДНЕВНО, СОК, ЧИПС ИЛИ ПЕЦИВО? Дури и мали количини го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2 и рак на дебелото црево

Нова анализа покажала дека дури и мали дневни количини на преработено месо, газирани пијалaци и транс масти кои се наоѓаат во многу пецива, грицки и брза храна, значително го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и рак на дебелото црево

1,321

Знаеме дека виршлите се брзи, евтини и децата ги обожаваат. Ништо не може да нè освежи подобро од ладен газиран пијалак, а чипсот е неопходен за вечер пред телевизорот. Никој не очекува одеднаш да престанеме да го јадеме она што го сакаме, но новите научни откритија нè предупредуваат да размислиме за момент: колку навистина е потребно за нашиот организам да почне да страда?

Студија објавена во престижниот магазин Nature Medicine носи загрижувачки заклучоци: дури и мали количини на преработено месо можат да го зголемат ризикот од сериозни болести како што се рак, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Во истата ризична категорија спаѓаат и газираните пијалаци со додаден шеќер, како и индустриските транс масти кои често се наоѓаат во грицките и во пекарските производи.






Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини