ЈСП СКОПЈЕ СО ДВЕ СЕЗОНСКИ ЛИНИИ Од утре во функција се автобусите со број 58 и 69
Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, сезонските линии сообраќат од 15 април до 15 октомври.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја информира јавноста дека од утре, петок (15.04.2022 год) почнуваат да функционираат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивље, Катлановско блаце, Кожле).
Возниот ред е достапен на веб страницата.
Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, сезонските линии сообраќат од 15 април до 15 октомври.