СОПРУЖНИЦИ ИЗГОРЕА ВО СОПСТВЕНАТА КУЌА ВО КРИВА ПАЛАНКА Еден час пожарникарите се бореле да ја изгасат куќата
Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила.
Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на улица Херој Карпош во Крива Паланка, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму информираат дека пожарот бил пријавен во 08.57 часот по што реагирала противпожана екипа.
„Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, информираат од ЦУК.