СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ, НО СО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ Попладне можен пороен дожд и грмежи
Денеска ќе биде претежно сончево и топло, со локална нестабилност во попладневните часови, а во Скопје максималната температура ќе достигне 35 степени.
Сончево време со мала до умерена облачност и температури до 35 степени се очекува денеска низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови, особено во југоисточните делови од земјата, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според УХМР, во следниот период се очекува стабилно и потопло време. Исклучок ќе биде вторник, кога повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.