СО ЗАКАНИ ИМ ОТКУПИЛЕ 43 КГ ЗЛАТЕН НАКИТ ПО ЦЕНА НА СУРОВ МАТЕРИЈАЛ Го натерале да продаде имот без да го види договорот што го потпишал
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Татко и син од Гостивар биле уценувани од двајца турски државјани да им продадат злато и имот против нивна волја и по пониска пазарна цена.
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Можеби ќе ве интересира
Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност.
Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар.