📽️ СО ПЕЖО СЕ ЗАБИЛ ВО БАНКИНА И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Тешка сообраќајна незгода на влезот на Скопје кај Маџари
Автомобилот е речиси целосно смачкан, ја има пробиено едната банкина и странично е потпрен на едно од дрвата.
Тешка сообраќајна незгода попладневно се случила на излезот на Скопје, а возачот поради повредите завршил во Градската болница, потврдуваат за Плусинфо од МВР.
Како што може да се забележи на видеото кое се споделува на социјалните мрежи, засега од непознати причини возило завршило во зеленилото кое го одделува автопатот.
Автомобилот е речиси целосно смачкан, ја има пробиено едната банкина и странично е потпрен на едно од дрвата.
„Во 11.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железен мост Маџари на влез за Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР за Плусинфо.
Додека се врши увид на местото на несреќата, полициски службеници го обезбедуваат и сообраќајот во две ленти од автопатот е затворен за движење.
Тешка сообраќајка кај Хиподром🙏🏻 pic.twitter.com/NNqQtAfmZo
— Блефер (@el_padrino____) July 12, 2024