ЃОКОВИЌ СЕ ПОМАЧИЛ ДА СТИГНЕ ДО ХОТЕЛОТ НОЌТА НА СЛАВЈЕТО НА ПСЖ Му советувале да преноќи на друго место

Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше по полноќ и по улиците се случуваа опасни работи – гасни бомби, запалени автомобили…, изјави тенискиот ас.

793

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. Тенискиот ас истата вечер го играше третото коло на Ролан Гарос, а вели дека по мечот било комплицирано да се врати во хотелот, пишува Б92.

– Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше по полноќ и по улиците се случуваа опасни работи – гасни бомби, запалени автомобили… Сето тоа се случуваше токму околу нашиот хотел, кој се наоѓа во близина на Триумфалната капија.
Во одреден момент, сè почна да излегува од контрола. Иако, од друга страна, можете да разберете – луѓето беа воодушевени. За прв пат градот ја освои Лигата на шампионите. Ова е еден од најважните градови во светот. Сите славеа – рече Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција.






Во саботата на 31 мај Париз Сен Жермен го победи Интер Милан (5-0) во финалето на Лигата на шампионите, а на улиците на француската престолнина беше организирана огромна прослава. Сепак, сè се претвори во хаос во текот на ноќта, неколку луѓе беа убиени, додека стотици беа повредени, со многу пожари и немири.

Поврзани содржини