СКОПСКИОТ ВОДОВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ГОСТИВАР Кризата заврши, за водата ќе се грижи локалната власт

Според последните анализи водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

1

Според последните анализи водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече 30-дневната кризна состојба на територијата на општината, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП „Водовод“ од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода – рече Ангелов.






Кризната состојба во Општина Гостивар беше прогласена од Владата на 20 јули, поради загадување на водата од градскиот водовод и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата што погоди неколку илјади граѓани.

Поврзани содржини