НУКЛЕАРНАТА ЕЛЕКТРАНА „КОЗЛОДУЈ“ ГО НАМАЛИ ПРОИЗВОДСТВОТО Ниското ниво на Дунав прави проблеми и во Бугарија
Мерката се применува за прв пат во 52-годишната оперативна историја на нуклеарната централа Козлодуј.
Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството на електрична енергија бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика.
Министерството наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати.
Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати.
Одлуката е дел од мерките за безбедно работење на нуклеарната централа Козлодуј, објави Министерството, прецизирајќи дека таа е диктирана од континуираното критично намалување на нивото на реката Дунав, кое досега е невидено.
Мерката се применува за прв пат во 52-годишната оперативна историја на нуклеарната централа Козлодуј.