СКОПЈЕ ЌЕ СВЕТНЕ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ Еве колку украсувањето ќе го чини градот

Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември - стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

690

Ексградоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов пред да замине од функцијата склучил договор со компанијата „Линк медиа плус“ во вредност од 243.000 евра за новогодишно украсување на градот. Според информациите, оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.

– Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември – стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.






Поради пандемијата со коронависот минатата година немаше новогодишна програма, но затоа главниот град беше украсен. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш бараа Град Скопје и општините да се откажат од новогодишно украсување поради пандемијата на ковид-19 односно да не се трошат буџетски пари за новогодишни светилки и украси.

Поврзани содржини