Шведска почнува национална програма за тестирање за Ковид-19

Шведска, која има околу 10 милиони население, досега ги подложи на тестирање за коронавирус околу 36.000 лица, главно кои имале потреба од медицинска помош.

227

Шведска започнува национална програма со која се предвидува поголем број тестирања за новиот коронавирус, соопшти шведската Влада.

Првично програмата ќе ги опфати здравствените работници и лица кои се на клучни функции.






– Владата денеска им даде инструкции на државните здравствени власти веднаш да изработат национална стратегија за зголемување на бројот на спроведени тестови за Ковид-19. Целта е тестирањата да опфатат и други приоритетни групи-  изјави на прес-конференција вицепремиерката Исабела Ловин.

Шведска, која има околу 10 милиони население, досега ги подложи на тестирање за коронавирус околу 36.000 лица, главно кои имале потреба од медицинска помош.

Шведската Влада, исто така, соопшти дека ќе забрани секакви посети во домовите за стари лица.

Поврзани содржини
na