ШВАРЦЕНЕГЕР ИМ СЕ ОБРАТИ НА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ Путин ја започна оваа војна (ВИДЕО)

Во видеото, тој сакаше да ги инспирира руските војници да ги разберат вистинските околности поврзани со војната со Украина.

991

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер се појави на социјалните мрежи и испрати порака до руските војници.

„Го сакам рускиот народ. Затоа треба и да ви ја кажам вистината. Ве молам, погледнете го ова и споделете понатаму“, напиша на Твитер поранешниот гувернер на Калифорнија, актер и „терминатор“ Арнолд Шварценегер. Во деветминутното видео тој ја раскажа својата историја со Русија и колку силата и волјата на рускиот народ го инспирирале.






Во видеото, тој сакаше да ги инспирира руските војници да ги разберат вистинските околности поврзани со војната со Украина.

– За руските војници кои го слушаат ова, веќе доволно ја знаете вистината за која зборував. Сето тоа и самите сте го виделе со свои очи. Ова не е војна за одбрана на Русија, ова е лажна војна – рекол Арнолд и додал:

„Вашите животи, вашите екстремитети, вашата иднина, сè се жртвува во оваа бесмислена војна која ја осуди целиот свет.“

Тој директно му се обрати и на рускиот претседател Владимир Путин.

– Вие ја започнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете и да ја спречите – истакна тој.

 

 

Поврзани содржини