ШВАЈЦАРЦИТЕ НЕ САКААТ ДА СЕ УКИНЕ КЕШОТ Еве што бараат тие од државата

Според истражувањето спроведено од Универзитетот за применети науки во Цирих (ZHAW) и Универзитетот во Сент Гален, готовината сè уште била позастапена од дигиталните пари во Швајцарија во 2023 година, и покрај тоа што нејзината употреба се намалува од 2019 година, кога беше спроведено првото такво истражување.

172

Здружението „Швајцарско движење за слобода“ официјално поднесе иницијатива со која бара од државата да го гарантира зачувувањето на швајцарскиот франк во физичка форма, без оглед на порастот на бесконтактните и мобилните плаќања.

Според истражувањето спроведено од Универзитетот за применети науки во Цирих (ZHAW) и Универзитетот во Сент Гален, готовината сè уште била позастапена од дигиталните пари во Швајцарија во 2023 година, и покрај тоа што нејзината употреба се намалува од 2019 година, кога беше спроведено првото такво истражување.






Иако дигиталните пари сега се користат почесто во секојдневните купувања, многу швајцарски граѓани не сакаат да го доживеат сценариото на нордиските земји, особено Шведска, каде што готовината речиси целосно исчезна од употреба.

Дополнително, истражувањето на Швајцарската национална банка (SNB) покажа дека дури 95% од жителите сакаат физичките пари да останат законско средство за плаќање.

Една од главните причини е фактот што Швајцарија има флексибилна законска рамка, за разлика од многу европски земји кои воведуваат ограничувања за плаќања во готово – често до 500 или 1.000 евра. Во Швајцарија нема такво ограничување, освен што за плаќања над 100.000 франци (околу 107.000 евра) идентификацијата е задолжителна.

Сепак, дигиталните плаќања доживуваат значителен раст. Мобилната апликација Twint, која е развиена од домашни финансиски институции, регистрираше 773 милиони трансакции во текот на минатата година – што е раст од 31 процент во споредба со претходната година.

Поврзани содржини