„ШУКОВА И ЗАЕВ УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА ВЕТУВАА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“ Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје?
СДСМ, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври, порачаВалентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт, обвини денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Во програмата насловена како „Можеме” за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште. На страна 228, од истоимената програма СДСМ, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра. Дали СДСМ, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт? Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства? Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Град Скопје, повторно го ветува истото? – прашува Манасиевски.
СДСМ, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври, порача тој.
– ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски со јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблем за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии – порача Манасиевски.