ШЕФОВИТЕ НА ЦИА И НА РУСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ РАЗГОВАРАА НА ТЕЛЕФОН Што се договорија Ратклиф и Наришкин?
Двата официјални телефонски разговори меѓу шефовите на руското разузнавање и на американската ЦИА се одржаа во период на делумно затоплување на односите меѓу Москва и Вашингтон, иако двете страни остануваат наспроти една со друга во украинскиот конфликт, каде што САД формално застануваат зад Киев.
Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, соопшти дека телефонски разговарал со својот американски колега, шефот на ЦИА, Џон Ратклиф, што е нивни втор официјален разговор од средината на март и во услови на сè поочигледно зближување меѓу Москва и Вашингтон.
– Телефонски разговарав со мојот американски колега и се согласивме дека ќе можеме да се јавиме во секое време за да разговараме за прашања што се од интерес за нас – рече Наришкин на руската државна телевизија, без да даде детали.
Наришкин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, и Ратклиф претходно разговараа на 11 март, нивниот прв познат контакт по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Овие два официјални телефонски разговори меѓу двајцата шефови на разузнавачките служби, руската СВР и американската ЦИА, се одвиваат во време кога дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон почнаа да се затоплуваат и покрај конфликтот во Украина во кој Американците формално го поддржуваат Киев.
Но, сè уште постојат многу меѓусебни несогласувања меѓу Москва и Вашингтон, со оглед на многуте години на екстремни тензии.
Конкретрно, Американците продолжуваат да им даваат важни разузнавачки информации на украинските сили по повеќе од 3 години голема офанзива на руската армија на украинска територија.
Во март, Сергеј Наришкин и Џон Ратклиф „се согласија да одржуваат редовни контакти“, објави руски извор.