Се забил со возило во нотарска канцеларија
Автомобилот се движел по булеварот Алекснадар Македонски, удрил во бетонски рабник на крстосницата и слетал во објектот.
Дваесет и деветгодишен возач на автомобил „опел астра“ се забил со возилото во нотарска канцеларија во скопска Автокоманда. Несреќата се случила утрово после 5 часот. Очевидци велат дека возачот тврдел оти му се слошило.
Од силината на ударот, на автомобилот му отпаднале задните тркала.
Автомобилот се движел по булеварот Алекснадар Македонски, удрил во бетонски рабник на крстосницата и слетал во објектот.
Лекарите од градската болница „Св. Наум Охридски“ констатирале повреди кај возачот и по укажаната лекарска помош го пуштиле дома.