Се судриле 3 возила со автобус, патувал со лажна грчка лична карта

404

СЕ ПРИЈАВИЛ СО ФАЛСИФИКУВАНА ГРЧКА ЛИЧНА КАРТА На 24.10.2020 во 04 часот на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, З.Т. (28) од Албанија се пријавил со фалсификувана грчка лична карта на име А.Т.(27). По извршениот разговор со него изјавил дека грчката лична карта е   фалсификувана и дека ја имал купено од непознато лице во Грција. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

СЕ СУДРИЛЕ ТРИ ВОЗИЛА И АВТОБУС ВО СОПИШТЕ На 23.10.2020 во 18.20 часот било пријавено дека во Сопиште, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило „матиз“, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило „цитроен“ управувано од Н.Ѓ. (70) од Скопје и автобус „лаз“, управуван од Г.К.(40) од Скопје.






Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото „матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СТРУШКО На 23.10.2020 во 11 часот било пријавено дека во селото Подгорци, Струшко, патничко моторно возило „тојота јарис“ кое во управувал С.И.(27) од Подгорци удрилo во пешакот Б.М.(53) исто од Подгорци.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Поврзани содржини