СЕ СУДРИЈА ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА НА ПАРТИЗАНСКА Две лица се лесно повредени

Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.

729

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.






Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.

Поврзани содржини