СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА ИЗГРАДБА НА ДАТА ЦЕНТРИ Ќе се сменат два закона за да се привлечат инвеститори

0

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што се овозможува изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачката интелегенција, Дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи Дата центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и во рамки на Владата да се води целиот процес со цел кога ќе доаѓаат потенцијалните инвеститори да имаат веќе спремни локации и проекти на кои ќе можат да инвестираат. Тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија, нови вработувања и раст на БДП. За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење кои се во финална фаза со кои што овозможуваме Дата центри да се градат во Македонија на организиран начин и тоа да значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, како и да ги следиме светските трендови во развојот на вештачката интелегенција – изјави вицепремиерот Николоски.






Поврзани содржини