🎥 СО ЕДНО „ДА“ МОЖЕ ДА СПАСИТЕ ЖИВОТ Повик за органодарителство од д-р Гавриловска Брзанов
Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, научниот соработник Александар Гавриловска Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација, упатува силна порака за поддршка на органодарителството.
– Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи, органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец – вели таа.
Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро, посочува д-р Гавриловска Брзанов, упатувајќи посебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и загуба, одлучиле да ги донираат органите на своите блиски, покажувајќи исклучителна емпатија и хуманост.
Министерството за здравство во рамки на националната кампања за унапредување на органодарителството продолжува со активности за подигнување на свесноста кај граѓаните да се изјаснат како органодонори и со тоа да остават дел од себе кој ќе продолжи да живее.