СÈ E ПОРТОКАЛОВО, САХАРСКАТА ПРАШИНА СТИГНА ВО ГРЦИЈА За 30% порасна концентрацијата на ПМ честичките
Облаци прашина од Сахара пристигнуваат во Грција и ќе се задржат до четврток, при што загадувањето на воздухот значително се зголемува.
Голема концентрација на прашина од Африка денеска повторно ја зафаќа Грција, а појавата ќе трае до четврток, според метеоролошките прогнози.
Облаци прашина од Сахара се очекува да ја покријат земјата уште денеска.
Прашината редовно стигнува до Грција поради географската близина со Африка и претставува сериозен фактор за загадување на воздухот. Според податоци на платформата IQAir, концентрацијата на фини честички ПМ 2,5 во Грција е зголемена за повеќе од 30 проценти.
Анализата опфаќа податоци од илјадници градови ширум светот, при што само мал дел ги исполнуваат препораките за квалитет на воздухот.
Сè e портокалово во Атина
Во центарот на Атина измерена е концентрација од 14,7 микрограми на кубен метар. Препорачаната граница според Светската здравствена организација е 5 микрограми.
Просечната годишна вредност во Грција изнесувала 11 микрограми.
Зголемувањето се поврзува со чад од пожари и пренос на песок од Сахара.
300.000 смртни случаи поради загадување
Честичките ПМ 2,5 се многу мали и лесно навлегуваат во белите дробови и крвотокот. Тие се создаваат при согорување горива, индустрија и пожари.
Загадувањето на воздухот е водечки фактор за предвремена смртност во Европската Унија. Се поврзува со околу 300.000 смртни случаи годишно.