СДСМ ПОВТОРНО БЕЗ СНИМКА ЗА НАВОДНАТА ИЗЈАВА НА МУЦУНСКИ Фразата „под радарот“ никогаш не била кажана
Вчера ги повикавме да ја објават снимката за која тврдат дека покажува дека министерот Муцунски вели дека се водат разговори 'под радарот'. Денеска во СДСМ излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
СДСМ повторно е без снимка за тврдењата дека шефот на македонската дипломатија на 3 август изјавил дека се водат „разговори под радарот“ за деблокирање на евроинтеграциите на Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„СДСМ денеска одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.
Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори ‘под радарот’.
Денеска излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно:
СДСM, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите ‘разговори под радарот’.
Не наслов. Не интерпретација. Изјавата. Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.