СДСМ МОЖЕ ДА НЕ ОСВОИ НИЕДНА ОПШТИНА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Мицкоски очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Можеби онаку кадешто е конкурентен СДСМ се можни 2, 3, максимум до 4 општини, но, да бидам искрен, ако продолжат вака недоговорно да се однесуваат, може и да немаат освоено општина на локалните избори, вели премиерот Хистијан Мицкоски.
Врз основа на бројките што ги добивам очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМЕ на претстојните локални избори, а можно е СДСМ да не освои ниту една општина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при посета на Центарот за обука во затворот во Идризово.
– Можеби онаку кадешто е конкурентен СДСМ се можни 2, 3, максимум до 4 општини, но, да бидам искрен, ако продолжат вака недоговорно да се однесуваат, може и да немаат освоено општина на локалните избори. Тие и малкумината кои ги поддржуваат играат на картата на кратко помнење и нихилистичка политика дека сè што прави оваа Влада не чини. Па не може сè да не чине, белким и нешто е добро што прави оваа Влада. Не може баш сè да се критикува, вклучително и оваа незрела критика кон договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – рече премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека на 28 мај на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи десетици имиња за кандидати за градоначалници, врз основа на досегшните анкети.
– Ако добијат зелено светло, потоа на седница на Централниот комитет ќе се одобри кандидатирата на идните градоначалници – рече премиерот.
Тој додаде дека по следниот конгрес, што ќе се одржи кон крајот на ноември или на почетокот на декември, да се случат голем број проемни во структирата на партијата и во општинските комитети.
– Во периодот што е пред нас, треба да дадеме уште еден дополмнителен мотив за сите нас, да дадеме енергија. Гаѓаните го очекуваат тоа. Има многу проблеми да се решаваат, а за жал, наследството од претходната власт е големо, но, многу работи решивме. Имам целосно разбирање за граѓаните. Логично е кај дел од граѓаните да има незадоволство, помалку трпение, затоа што се лажени децени наназад. Но, ние мора да сме трпеливи и да испорачаме. Стигнуваат резултати, индикаторите се добри – вели премиерот Мицкоски.