СДСМ И ФИЛИПЧЕ НИКАКО ДА ЗАЛИЧАТ НА СЕРИОЗНА ОПОЗИЦИЈА Ги бива само за лаги и за скапи летувања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е на Егејот заедно со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно, им дава насоки за ширење дезинформации, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

1

СДСМ и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е на Егејот заедно со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно, им дава насоки за ширење дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно, создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на СДСМ си поиграа дури и со здравјето на граѓаните – рече Петрушевски.






Надлежните институции веднаш реагираа, ја демантираа веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започна истрага кој е креаторот на хаосот и паниката, додаде тој.

Институциите се на потег за расчистување на случајот, порача Петрушевски.

– За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДСМ на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети. Ширењето лаги и крерањето атмосфера на паника и хаос, како и одењето на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност. Филипче и СДСМ треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДСМ треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само ним – рече Петрушевски.

Поврзани содржини