СДСМ Е ЗАРОБЕНА ПАРТИЈА, ЈА ВОДАТ ТЕЗГАРОШИ ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ Шилегов напиша полноќна поезија за Заев, Филипче и за Зечевиќ
„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани 'лидери' од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет! Пролет е СДСМ“, напиша Петре Шилегов.
Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов силно удри по актуелното и по претходното раководство на неговата матична партија СДСМ.
Тој на Фејсбук напиша дека СДСМ е заробена партија од двајца, како што ги нарече, октроирани „лидери“ од јужните краишта.
„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани ‘лидери’ од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет! Пролет е СДСМ“, напиша тој.
Во друг статус, пак, пишува:
„Есента е тешко време. Се скратува денот. Краток е. Во темница ништо не е видливо! На пролет, во март, ќе расцветаат цветови. Јагленот нит е за за зајци, нит е за зечеви. Кај се најдовте, кај нѐ запустивте“.
Лидер на СДСМ во 2019 година беше Зоран Заев.
Пред неколку месеци, екс-градоначалникот на Скопје имаше кавга со поранешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Тој си го додаде прекарот Вардарски, па Шилегов на социјалните мрежи му напиша:
„Дечкото од Серава, што мисли дека е ‘булдожер’ од Вардар. Допрва следува римув“.
Шилегов тогаш не објасни на што се должи ваквата негова реакција, но можеше да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.